Водич за безбедност во исхраната Биотехнологија Kiwi.mk
Share:
Deal
Категорија

Водич за безбедност во исхраната

1,785 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Биотехнологија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга е извор на информации, релативно лесна за употреба од страна на сите чијшто професионален интерес е насочен кон безбедна испорака на храната. Информациите лесно се пребаруваат низ концизни и детални поглавја за голем број биолошки и хемиски токсини, и тоа во форма приспособена за проценка на ризик и HACCP. Обработени се многубројни веќе познати токсини и неколку нови. Дадени се дополнителни информации во вид на веб-врски, кои ќе ви овозможат многу подлабок и подетален пристап за истражување на оваа проблематика. Од особена важност е поглавјето за алергени во исхраната, како и поглавјето за токсини од риби и од морски плодови. Во неа се многу детално обработени и бактериските токсини.
Една од најважните карактеристики на оваа книга е брзото наоѓање на бараните информации. Покрај оваа, може да ги наведеме и следниве карактеристики:

    Текст што е приспособен за практична употреба од страна на професионалците во прехранбената индустрија.

          Лесна за снаоѓање и прифатлива дури и за нестручни лица.

          Јасна и концизна презентација на информациите.

          Извршена проценка на ризикот.

Од причина што регулирањето на безбедноста на храната станува с# повеќе клучен фактор во големата индустрија за храна, оваа книга уште повеќе добива на вредност и значење. Едноставно потрошувачите имаат полно право да очекуваат доставувачите на храна да ги преземат сите мерки за заштита на своите производи, со што би спречиле каква и да било евентуална штета кон крајниот корисник.
Автори на овој прирачник се:
Ричард Лоули, микробиолог со специјалност храна, со 25-годишно искуство. Има работено во индустријата за производство на храна како консултант и како научен соработник. Раководи со независната консултантска куќа „Инфо за безбедност на храна“.
Лори Кертис
има преку 20 години искуство како микробиолог. Има работено како научен соработник и консултант во областа на безбедноста на храната. Моментално е независен консултант и писател на тема безбедност на храна.
Џуди Дејвис
е биохемичар кој пред да се занимава со безбедноста на храната има работено неколку години во фармацевтската индустрија. Како виш научен соработник има подготвено многубројни технички извештаи за научни истражувања во областа на хранливите состојки, трендовите за здрава храна и во областа за патентирање храна. Моментално е независен консултант и писател на тема безбедност на храна.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.