Опис
За синот – кој не добива друго име во целата книга – периодот од 1934 до 1938 година е политичка и лична пресвртница, помеѓу смртта на таткото и бегството од нацистите во Трст.
Во овој роман, Алберт Драх пишува протокол против себеси. Како се справува со загубата на таткото, како никогаш не ги добива жените кои ги сака, и покрај разните љубовни авантури, како конечно ја остава својата мајка беспомошна во Медлинг, за да го спаси сопствениот живот. Преку судбината на синот, што е всушност неговата сопствена, Драх ги покажува постепеното обесправување, омаловажување, денунцијацијата и тероризирањето на Евреите.
Писателот Драх не се соочува со оваа ужасна состојба на светот, ниту со отстапување, ниту со подигнат показалец, туку со неговиот уникатен циничен хумор, што ги прави неговиот јазик и неговиот стилот толку незаменливи. Тој го опишува својот живот како политичка и приватна комедија на случајности и со тоа урива дадено табу.