Опис
Романот “Вљубувања” е метафизичка приказна за мистериозно убиство. Главниот лик Марија Долс секој ден доаѓа на појадок во истата кафетерија, и секој ден ужива да набљудува една иста двојка која секојдневно ја повторува својата рутина. Еден ден двојката не доаѓа на појадок и таа е заинтригирана од нивното отсуство.
Мариас на фантастичен и оригинален начин успева една фикција која изобилува со крими-елементи да ја доведе на едно метафизичко ниво и литерарно да ја збогати со егзистенцијални прашања како прашањата за смртта, животот и љубовта.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.