Уметноста и науката за виното Земјоделство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1153 Категорија

Уметноста и науката за виното

1,990 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Земјоделство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Од самиот наслов може да се заклучи дека станува збор за една интересна и истовремено комплетна приказна за тоа како се произведува вино. Приказната почнува од лозовите насади, се движи преку визбата и завршува во шишето, чиешто што отоворање предизвикува незаборавни и пријатни чувства. Експертот за вино и писател Хју Џонсон, заедно со Џејмс Халидеј, производителот на вино, се здружија во проучувањето на деликатната уметност и софистицираната наука за производство на вино, притоа земајќи ги предвид најновите промени што ја зафатија винската индустрија.
Во оваа книга станува збор за изборот на можности што му стојат на располагање на еден производител на вино во почетокот на 21 век. Сите тие избори се под влијание на економијата. Секако, најскапиот избор е кога станува збор за квалитетот и мора неминовно да дојде до селекција. Само со отстранување на секое вино што не е според поставениот стандард од самиот производител, може да се задржи името и угледот.
Одлуките што се носат во процесот на производство се базираат на навика, интуиција или на инспирација. Дали би било вистина кога би рекле дека навиката и интуицијата се мајсторство, а инспирацијата уметност? Кога зборуваме за производство на еден пијалак, „уметност“ е голем збор. Секако дека за сите тие исклучително квалитетни вина што предизвикуваат задоволство на сите сетила, сосема оправдан и соодветен е токму тој збор – „уметност“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.