Опис
Њујорк тајмс бестселер
Џејмс е уличен музичар со проблематично минато што одвај врзува крај со крај. Боб е слаб и болникав уличен мачор во потрага по топло место за спиење.
Кога една депресивна мартовска вечер во Лондон, првиот случајно ќе го сретне вториот, малкумина би можеле да претпостават дека шест-седум години подоцна, нивното незаборавно пријателство ќе стане предмет на една романескна исповед веќе преведена на барем шеесет и два јазици, обожаван бестселер на Њујорк тајмс, редовен дел од листата на најпродавани книги во Англија педесет и две последователни седмици.
Сентиментален и трогателен, но никогаш мелодрамски и лажен, „Уличниот мачор Боб“ е приказна за вторите шанси и истрајноста пред најтешките предизвици, сведоштво за невидливите и трајни придобивки од искрената грижа за некое друго суштество, реален и многу жив споменик за моќта на љубовта πто може да постои меѓу човек и животно.
Токму онаа што сопствениците на миленичиња веќе многу добро ја познаваат.