Учебник по економска анализа на граѓанското право Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12868 Категорија

Учебник по економска анализа на граѓанското право

2,450 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во оваа книга се опфатени основите на економската анализа на правото и
нејзината примена во граѓанското право на Германија. Претставува опсежно дело
во оваа насока на истражување во којашто нормите и проблемите со регулирање
се анализираат со помош на економската теорија и на тој начин се проценуваат.
Важните основи за аргументирање на економската анализа на правото се
вградени во догматиката на граѓанското право. Се третираат главните области од
граѓанското право, особено прекршочното право, договорното право и стварното
право, правото на интелектуална сопственост, како и основните проблеми од
стечајното право и основите на правото на друштва. Во анализата на законската
регулатива од статутарното право и прецедентното право се утврдува во која мера
овие економски критериуми се важни и во која мера таквите критериуми може да
бидат од корист за примената и развојот на правото. Четвртото издание се однесува на новите резултати од истражувањата и е дополнето со прашања.
Ханс-Бернд Шефер- Професор по политичка економија на Катедрата за право и економија при Универзитетот Хамбург, главно ангажиран во сферата на економската анализа на правото, како и меѓународните економски односи, предавач на истражувачката група за обука од областа на правото и економиката и директор на Институтот по право и економика на Универзитетот Хамбург, директор на програмата Еразмус од областа на правото и економиката.
Клаус От- Професор по граѓанско право, трговско право и право на друштва, право на економија на Катедрата за право на Универзитетот Хамбург, судија во ханзеатскиот Виш покраински суд Хамбург, директор на Институтот по право и
економика, директор на програмата Еразмус од областа на правото и економиката.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.