Телекомуникациско право и регулатива Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 233 Категорија

Телекомуникациско право и регулатива

2,372 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Телекомуникациската индустрија претрпи една фундаментална измена во однос на конкурентноста. Од една монополска позиција премина во индустрија со конкурентска структура. Ова се должи, пред сé, на конвергенцијата со другите индустрии во кои владее конкурентска структура. Законите и регулативите што се разгледуваат во ова издание се однесуваат токму на овој процес на промена кон конкурентска структура.
Книгава се занимава со сите аспекти од телекомуникациското право и регулатива во земјите од ЕУ, а особено во Обединетото Кралство. Поради таквата содржина, станува неопходност за сите правници што работат со фирмите од индустријата и претставува голема помош за сите менаџери, банкари и сметководители, кои мора да се во тек со сите правни параметри во оваа област, која се менува брзо и постојано. Се разбира дека може да им користи и на сите студенти на постдипломски студии, како еден вид дополнителна провокација во областа на правото.
Книгава е напишана и ажурирана од страна на водечки експерти и практиканти од оваа област и истата нуди подлабоко истражување на правните и регулаторни структури во телекомуникацискиот сектор.
Јан Валден
е директор на Институтот за компјутерски и за комуникациски закони што работи како дел од Центарот за истражување на комерцијалните закони при Универзитетот „Кралицата Мери“ од Лондон. Консултант е во глобалната правна фирма „Бе
jкер и Мек Кензи“ („Baker & McKenzi“) и член на Одборот за јавен интерес при Фондацијата за набљудување на Интернет.
Џон Ејнџел
е адвокат и поранешен директор на интернет-правните услуги „Клифорд ченс“ („
Clifford Chance“). Моментално е консултант во „Јомати“ („Yomatti“) и стручен соработник на Институтот за компјутерски и за комуникациски закони што работи како дел од Центарот за истражување на комерцијалните закони при Универзитетот „Кралицата Мери“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.