Текстилни влакна: нивните физички, микроскопски и хемиски својства Текстил Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 227 Категорија

Текстилни влакна: нивните физички, микроскопски и хемиски својства

990 ден

Време на достава: утре, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од среда, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Текстил

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ако сакаме да дознаеме каков бил приодот кон текстилните влакна пред повеќе од 100 години и да навлеземе во темелно изучување на таа проблематика од нејзините корени па сé до денешен ден, се наоѓаме на вистинското место. Оваа книга е токму тоа, корен и почеток на изучувањето, а за нејзината содржина се погрижи проф. д-р Џозеф Мерит Метјуз кој во далечната 1904 година бил шеф на Одделот за хемија и за боење во текстилното училиште во Филаделфија.
Своевремено била од голема помош за студентите, но и за операторите во текстилната индустрија, бидејќи се разгледувани многу практични проблеми со кои се справувал авторот. Текстилните влакна претставуваат суровини за повеќе индустрии, па поради тоа е важно фактите во врска со нив да бидат систематизирани во форма на научно сознание. Авторот направил обид да ги собере на едно место сите до тогаш достапни материјали што содржат изучување на текстилните влакна.
За жал, предметот текстилни влакна тогаш бил занемаруван од хемичарите, иако за нив имало плодно поле за истражување и нивние резултати можеле да доведат не само до научни туку и до големи индустриски вредности. Авторот настојува да ја нагласи важноста од проучувањето на влакното како единка, бидејќи во многу случаи се прават погрешни претпоставки дека однесувањето на секое влакно е идентично со она кога станува збор за однесување на поголема маса влакна во форма на предиво или друг текстилен материјал.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.