Опис
ЦЕЛОКУПНО ЗДРАВЈЕ И ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ
Што претставува Synergy Omega 3-6-9 1300mg?
Omega 3-6-9 1300mg e 100% природен додаток на исхрана од концентрирано масло на ленено семе, канола масло, масло од црна рибизла и масло од семки од тиква. Тоа е богато со омега 3 незаситени масни киселини (Aлфа линолеинска киселина-АLA), Омега 6 (Линолеинска киселина-LA), Омега 9 (Олеинска киселина-OA) и витамин Е. Најновите испитувања покажуваат дека омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9, отколку кога се земаат поединечно и тие треба да се внесуваат постојано бидејќи организмот не може да ги синтетизира (есенцијални).
Омега 3 помага во одржување на нормално ниво на триглицеридите и холестеролот во крвта. Омега 6 го зајакнува имунитетот и помага во создавање на некои неуротрансмитери кои учествуваат во одржување на расположението и сонот. Омега 9 учествува во намалување на атеросклеротичните промени, има заштитна улога и го подобрува имунитетот.