Опис
Сместен на двомеѓето меѓу видливиот свет на Земјата и фантастичниот свет на Сатурната, романот ,,Светлината на Сатурната” постепено навлегува во приказната на средношколката Адора, која тргнува на патување со нејзините соученици и кој без никакво предупредување ќе се најде во кралството на Сатурната.
Таму, во земјата наречена Сатурната, се води долга војна меѓу Орхидите, владетелите на кралството на Светлината и поданиците на Мат-уруус, земја на север од кралството. Адора станува дел од приказната на Сатурната и нејзината судбина, а дејството постепено ја открива нејзината улога не само во војната туку и во животите на сите оние што ќе ги запознае во кралството.
Преку живописни описи полни со егзотични мириси и бои, овој роман, иако жанровски е определен како епска фантастика, загатнува низа прашања што го тангираат современиот читател; тоа се прашања што се однесуваат на границата меѓу стварното и имагинарното, свеста и потсвеста, идентитетот, моралните вредности и нивното побивање или прекршување.