Светиот глад Светско книжевно богатство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13202 Категорија

Светиот глад

425 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Светско книжевно богатство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Приказната на „Светиот глад“ е сместена во средината на 18 век, а во нејзиното средиште е „Ливерпулскиот трговец“, брод за превоз на робови вклучен во озогласената триаголна трговија, Ливерпул-западна Африка-Карибите, главниот трговски пат во трансатлантската трговија со робови. Всушност, романот е поделен на два дела – дејството на првиот дел се одвива истовремено во Ливерпул и на „Ливерпулскиот трговец“ во 1752 и 1753 година, а на вториот дванаесет години подоцна во мочуриштата на Флорида. 
Насловот „Светиот глад“ е алузија на алчноста, себичната желба за заработка што води до насилство и свирепост, па од една страна ова е приказна за моќта, алчноста и
ароганцијата, а од друга страна за човечкото страдање, очај и осаменост.
И покрај тоа што ова дело може да се чита само како приказна за британската трговија со робови, сепак очигледно е дека зад сето ова се крие нешто многу поголемо и подлабоко: вечниот судир меѓу доблеста и алчноста – понекогаш и во една иста личност – и утопискиот сон за еден идеален свет во кој сите луѓе живеат
слободни и еднакви.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.