Стресот и благосостојбата на животните Ветерина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 199 Категорија

Стресот и благосостојбата на животните

842 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ветерина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга нуди нов и сеопфатен приказ на концептите и на научните мерења што се однесуваат на благосостојбата на животните. За првпат се објаснуваат основните биолошки принципи за тоа на кој начин се справуваат животните со стресот, при што се појаснуваат научно-применливите концепти за стресот и за благосостојбата на животните. Книгата содржи детален приказ на најразновидни показатели што укажуваат на стрес кај животните при што се прави споредба со човекот и со другите видови. Меѓу останатото, опфатени се и следниве аспекти:

          на кој начин се регулирани физичките системи од страна на телото и на мозокот

          разни ограничувања при приспособувањето

          оценка на благосостојбата од аспект на краткотрајните и на долготрајните реакции

          етичките проблеми и предлози за нивно решавање

За да можат да се изготват ефикасни законски прописи базирани на одлуки што се донесени како последица на добрата информираност, од суштинско значење е правилното оценување на благосостојбата кај животните. Во тој контекст се дадени насоки за користење на многубројна дополнителна литература што ја разработува дадената тема.
Доналд М. Браун
е професор по предметот благосостојба на животните на Катедрата за ветерина при Универзитетот во Кембриџ, Англија.
Кен Џ. Џонсон
предава физиологија на Универзитетот во Мурдок, Австралија.
Двајцата автори ја пишуваат оваа книга поттикнати од големото значење на стресот и на благосостојбата на животните за луѓето и за домашните животни. Моментално сме во фаза кога овие поими за „стрес“ и за „благосостојба“ треба концепциски да се разработат во доволно здрава рамка што ќе овозможи додавање податоци и можност за нови предвидувања, но истовремено да подлежи на постојана проверка со разни тестирања.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.