Опис
Вклучувајќи ги најновите размислувања и трендови во индустријата, ова истражување на брендови и стратешкиот бренд менаџмент претставува комбинација на сеопфатната теоретска основа со бројните техники и практични согледувања за подобро донесување на краткорочни, но и долгорочни, одлуки во врска со брендот, со цел да се подобри долгорочната профитабилност на специфични бренд стратегии. Книгата обезбедува специфични тактички насоки и совети за планирање, градење, мерење, и управување со бренд капиталот. Текстот вклучува бројни примери на речиси секоја тема и анализи на бројни брендови, со објаснувања зошто се успешни или неуспешни. Читателот низ студиите на случај ќе се запознае со бројни реални приказни на разни брендови, меѓу кои и оние на Levi’s, Intel, Nivea, Nike, Starbucks, итн. Книгата е главно наменета за професионалците во индустријата, од бренд менаџери до маркетинг директори.
Кевин Лејн Келер е лидер во изучување на брендовите и стратегискиот бренд менаџмент. Тој предава маркетинг менаџмент и стратегиски бренд менаџмент на МБА програмите на Tuck School of Business на Dartmouth College, и е воедно врвен консултант и советник на некои од светски најуспешните брендови. Заедно со Филип Котлер, тие се автори на едни од најползуваните и најценетите учебници во областа на маркетинг менаџментот.