Опис
Филмовите на Стенли Кјубрик со децении заземаат доминантна положба во јадрото на нашиот културен пејсаж. Во педесеттите, тој е еден од малкуте американски филмаџии кои ја достигнуваат тежината на европската кинематографија со ,,Патеки на славата”. За публиката од шеесеттите, тој е човекот кој ги снима влијателниот антивоен филм ,,Д-р Стрејнџлав” и омилениот филм на контракултурата, ,,2001 Одисеја во вселената”. Во седумдесеттите ја создава химната за урбаното насилство, ,,Пеколен портокал”, а во осумдесеттите ја дестилира природата на личното лудило и колективното безумие во ,,Сјаење” и ,,Полна воена опрема”. Во деведесеттите го снима филмот ,,Очи ширум затворени” со Том Круз.
Кјубрик е роден во Бронкс, а од 1961 година живее осаменички живот во рурална Англија.