Опис
Станицата Аточа: Способност да се опстои и покрај недоумиците
Ова е првиот роман на американскиот поет Бен Лернер со кој ја освои литературната награда Believer Book Award во 2011 година.
Романот зборува за Адам Гордон, американски поет кој добива стипендија во Мадрид. Сепак Гордон своето време го поминува читaјќи го Толстој, пушејќи марихуана и набљудувајќи го сe она што го опкружува.
Романот од една страна е приказ за преобразба на еден млад човек, а од друга пак во него е изложена опсервација на самата промена.
БЕН ЛЕРНЕР е американски поет роден 1979 година. Покрај поезија тој пишува и есеи, критики и романи. Лернер е Фулбрајтов стипендист, бил финалист за националната литературна награда како и за наградата на фондацијата Хауард. Во 2011 ја добива интернационалната награда за поезија (Preis der Stadt Munster fur internationale Poesie) и станува првиот американец кој ја добил оваа награда. Лернер денес е професор по англиски јазик во Бруклин колеџ.