Стандарди за заштита на инвестициите Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 196 Категорија

Стандарди за заштита на инвестициите

1,445 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Од самиот наслов заклучуваме дека станува збор за стандардите што се бараат од земјитедомаќини при инвестирање од страна на странски инвеститори. Тие стандарди ја сочинуваат основата на современата меѓународна заштита на инвестициите. Книгата ги анализира суштинските стандарди што се содржани вообичаено во билатералните и во мултилатералните инвестициски договори, вклучувајќи ги и стандардите за праведен и непристрасен третман, целосна заштита и безбедност, експропријација и за стандардите против дискриминацијата.
Судската практика на арбитражните трибунали е постојано во развој и врши големо влијание врз толкувањето на овие стандарди. Во текстот од ова издание, водечките практичари и научници од сферата на арбитражата на инвестициските договори ја анализираат судската практика и формираат една правна рамка во однос на тоа како треба да се применуваат стандардите во иднина.
Аугуст Рајниш
, уредникот на ова дело, е универзитетски професор по јавно меѓународно и европско право на Универзитетот во Виена. Член е на комисијата за меѓународно право на странските инвестиции при Меѓународната правна асоцијација, арбитражен судија и правен експерт во многу инвестициски арбитражни случаи. Член е и на Меѓународниот центар за решавање на инвестицикси спорови.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.