Средна јавна економија Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1143 Категорија

Средна јавна економија

1,360 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Јавната економија ги проучува активностите на владата во поглед на оданочувањето и трошењето на средствата и влијанието од тие активности врз економската ефикасност. Оваа книга е единствена не само по својата сеопфатност туку и по својата искомбинираност од теорија и релевантни емпириски докази. Оваа теорија се разгледува низ целата историја на јавниот сектор. Објаснети се отстапувањата од ефикасноста, разјаснувајќи ги прашањата од политичката економија, барањето наемнина, правичноста, оданочувањето и даночното затајување со последиците што произлегуваат од него, федералната фискализација, социјалната заштита и економскиот раст. Иако во анализите е користено пониско математичко ниво, сепак, текстот се третира како аналитички, а не дискурзивен. Кон крајот на секое поглавје има вклучено вежби и препораки за дополнителна литература.
Без да се жртвува формалноста на теоријата, авторите го претставуваат материјалот на начин што може да мотивира, со политичка релевантност, а на крајот, сепак, да биде пријатен за читање. Наменет е за сите студенти во поодминат стадиум на студирање или за првите семестри од постдипломските студии. Секако, книгата заслужува да биде сериозно разгледана и од секој предавач што е во областа.
Жан Хиндрикс
е професор по економија и кодиректор на Центарот за операции, истражување и економетрија при Универзитетот „Католик Д
луван“. Гарет Д. Мајлс е професор по економија и раководител на Катедрата по економија при Универзитетот „Ексетер“. Тој е и соработник за истражување на Институтот за фискални студии.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.