Опис
Целта на оваа книга е да послужи како придружник или додаток на современи-
те учебници за комуникациски системи. Во книгата се дадени разни вежби што
можат да се решат на компјутер (општо земено, доволно е и персонален компју-
тер) преку употреба на популарното образовно издание на MATLAB. Нашата
намера е оваа книга примарно да се употребува од студенти од погорните го-
дини на додипломски студии и дипломирани студенти од областите електрич-
но инженерство, компјутерско инженерство и компјутерски науки. Оваа книга
може да се покаже корисна и за применетите инженери што сакаат да научат
одредени MATLAB примени за комуникациските системи. Претпоставуваме
дека читателот е запознаен со основите на MATLAB. Тука нема да ги покриеме
овие теми, бидејќи достапни се неколку прирачници и учебници за MATLAB.