Опис
Овој учебник се осврнува на овие, како и на други важни сродни прашања. Ќе ви помогне да ја разберете и да пишувате за дебатите во врска со социјалната политика во дваесет и првиот век.
Во Социјална политика експертите – соработници ги испитуваат развојот, донесувањето и импликациите, како и социјалниот и економскиот контекст според кој се создава благосостојбата. Опфаќајќи ги сите главни проблеми, вклучувајќи го и притисокот врз системите за благосостојба по глобалната финансиска криза, Социјална политика е идеално четиво за сите студенти; без разлика дали првпат се среќавате со оваа тема или само го проширувате вашето знаење.
Џон Балдок е професор по социјална политика во Школата за социјална политика, социологија и социјално истражување, како и проректор на Универзитетот во Кент
Лавинија Митон е предавач по социјална политика во Школата за социјална политика, социологија и социјално истражување, како и
проректор на Универзитетот во Кент
Ник Менинг е професор по социјална политика и социологија, како и раководител на Институтот за ментално здравје на Универзитетот во Нотинхем.
Сара Викерстаф е професор по работа и вработување и заменик-раководител на Школата за социјална политика, социологија и социјално истражување на Универзитетот во Кент.