Солфеж 1 за основно музичко образование Основно образование Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13414 Категорија

Солфеж 1 за основно музичко образование

420 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Основно образование

No related products found.

Дневна дампинг акција

Опис

СОЛФЕЖ 1 од Благој Цанев и Татјана Цанева претставува учебно помагало наменето за изучување на предметот Солфеж со елементарна теорија на музиката, во почетните одделенија, односно во првиот образовен период од основното музичко образование. 
Содржините во учебникот методолошки се поделени во шест дела: основно теоретско описменување (запознавање со најнеопходните музичко-теоретски елементи), бројалки (запознавање со основните метар и такт), запознавање со тоновите (со постепено функционално оформување во рамките на дурската скала), потоа прво и второ утврдување на тоновите (преку мелодиски движења и скокови) и солфежно унапредување (запознавање со преттакт, замав, четвртина со точка, синкопа, контртан, триола, динамика, темпо и со бас клуч, како и вежби во тоналитетите a-moll, G-dur, e-moll, F-dur и d-moll).
Покрај тоа, книгата претставува и богата збирка од 600 мелодиски и ритмички вежби, збогатени со бројни примери од светската литература и фолклорот на многу народи. Вежбите можат да најдат примена како во училницата, така и надвор од неа, за усвојување на новите наставни содржини, за совладување и за увежбување, а претставува и богат извор на материјал за вежбање диктати.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.