Сместување на добитокот Ветерина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10578 Категорија

Сместување на добитокот

1,450 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Ветерина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга е наменета за сите што се занимаваат со потребите од сместување на добитокот и е во корелација со најдобрите примери од практиката. Таа е подеднакво важна како за научниците и за инженерите така и за сите вработени во добиточната индустрија. Опишани се, а во одредени случаи и усогласени, интересите на потрошувачите, земјоделците и на самите животни во поглед на сместувањето и обезбедувањето погодни услови за престој на добитокот. Дадени се најважните принципи и процеси што имаат влијание врз здравјето на животните, нивната благосостојба и продуктивност. Уредниците во своето излагање го имаат ставено акцентот врз објектите за сместување, кои го заземаат централно место во целокупната философија на сместувањето.
К.М.Вејтс
работи во Истражувачкиот институт во Силсо, Обединето Кралство, а Д.Р.Чарлс е вработен во Истражувачкиот центар АДАС од Нотингам, Обединето Кралство. Тие не ги изнесуваат деталните пресметки за објектите во кои е сместен добитокот, туку нудат насоки за дополнителна литература која има многу повеќе информации во тој поглед. Повеќе се задржуваат на амбиенталните потреби на добитокот и на пресметката на системите со кои треба да се задоволат овие потреби. Особено внимание е посветено на топлотните измени, хигиената на воздухот, внатрешните површини од објектот и вентилацијата. Во последното поглавје се дадени описи на сместувањето за живината, свињите, кравите, говедата, овците и за коњите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.