Сместување и благосостојба на фармски животни Ветерина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10051 Категорија

Сместување и благосостојба на фармски животни

1,275 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Ветерина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга е, всушност, збирка на заклучоци од работилниците одржани во склоп на семинарот за благосостојба на животните од фарми, одржан во Абердин, од 28 до 30 јули 1982 година, во организација на ЕУ-комисијата за истражувања во земјоделството при генералниот директорат за земјоделство. Уредници на изданието се С.Х.Бакстер, М.Р.Бакстер и Џ.А.Д.Мекормак од шкотскиот Институт за истражување на фармерските објекти.
Во последно време с
è повеќе се зборува за благосостојбата на животните, но многумина ќе се запрашаат што е тоа. Не би било можно мерење или оценување на благосостојбата доколку не знаеме што, всушност, таа претставува. Поради тоа, приоритет на овој семинар било сместувањето на животните, што во овој момент е сè уште контроверзна област. Активно учество земаа еминентни биолози и проектанти, сè со цел да се обезбедат што подобри услови за сместување. Во работниот дел од семинарот се поставени многубројни задачи за чие решавање се земале предвид идеите на повеќе експерти од соодветните области. Работата се одвивала во три фази: прво, се разгледувала благосостојбата од филозофски аспект, понатаму се утврдувале биолошки потребните услови и на крај се пристапувало кон проектирање за да се обезбеди сето тоа. На крајот се сублимира севкупното стекнато знаење кое понатаму се дистрибуира до пошироката јавност, со цел да се зголеми благосостојбата на животните од фармите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.