Опис
Омилениот бестселер на „Њујорк тајмс“ што „Ентертејнмент викли“ го опиша како „блескав роман што ќе ви влезе под кожа“. Долго ќе ја паметите оваа трогателна и непоколеблива приказна за љубовта, животот и двајцата тинејџери што ќе се најдат
на еден раб.
Теодор Финч е опседнат со смртта. Секој ден смислува нови начини на кои би можел да се убие, но исто така секој ден истражува и успева да најде нешто
што ќе го задржи овде, буден и жив.
Вајолет Марки живее за иднината, броејќи ги деновите до матура, кога конечно ќе може да побегне подалеку од малечкото гратче во Индијана и болката што ја измачува по смртта на сестра ѝ.
Кога Финч и Вајолет ќе се сретнат на врвот на училишната камбанарија – шест ката од земјата, нејасно е кој кого спасува. Финч само со Вајолет може да биде таков каков што навистина е, а Вајолет само со Финч заборава на броењето денови и почнува да ги живее. Но, како што
светот на Вајолет расте и се шири, светот на
Финч почнува да се смалува и да станува потесен…