Што сонуваше дедо мраз Бестселери за деца Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11655 Категорија

Што сонуваше дедо мраз

213 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Бестселери за деца

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Се ближи Нова година, но нешто необично се случува. Во сандачето на Дедо Мраз пристигнаа едвај неколку писма. Поштарот доаѓа ретко, а и на имејл се појави само една порака. 

Само една?!
Да, само една, и тоа крајно вознемирувачка. 
„Скандалозно!“ ќе извика Дедо Мраз, откако ќе ја прочита пораката.
А потоа следува една волшебна, и смешна и тажна, и возбудлива и опасна, авантура, што ќе го одведе Дедо Мраз во Земјата на соништата, а џуџињата Лутко, Буцко и Спанко ќе пропатуваат половина Земјина топка и назад… и сето тоа во само една единствена ноќ!
“Што сонуваше Дедо Мраз“ е роман за деца и за сите што сакаат да сонуваат



РЕЦЕНЗИЈА:

„Модерна бајка за децата на едно многу помодерно време, освежително пишувана во стил што рутински се надоврзува на сите моментни светски трендови, „Што сонуваше Дедо Мраз“ го соочува најсаканиот новогодишен лик со предизвиците на новата ера и се обидува да даде одговор на досега речиси неистражените прашања: што се случува со неговиот свет во време кога наместо класична, децата користат електронска пошта, кога од свет на чудата и фантазијата, нашиот станал свет на бизнис-зделки и материјална заработка, кога меѓу самиот Дедо Мраз и неговиот син постои опиплив генерациски јаз… Со подновени алишта, осовременет и во кругот на едно сосема ново семејство, Дедо Мраз од приказната на Билјана Црвенковска е впуштен во една постмодерна авантура во која игривите алузии и метанарации ниту за миг не ја загрозуваат трогателната порака на авторката на книгата: нејзиното грижливо и топло „Да, сè уште постои“ писмо до сите оние кои наивно веруваат дека комерцијализацијата на меѓусебните човечки односи ги засега и најинтимните и најнежни детски сништа.“
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.