Секоја фарма – фабрика Земјоделство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 205 Категорија

Секоја фарма – фабрика

638 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Земјоделство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова е значајна книга бидејќи открива како еден државен земјоделски систем никогаш не им служел на интересите на земјоделците, туку й бил претставуван на јавноста секогаш како неопходен и неизбежен. Во текстот се опишува ширењето на индустриското земјоделство со разгледување на неговите главни компоненти во периодот меѓу 1918 и 1930 година. Приказната почнува во 1918 година, бидејќи голем број нови големи фарми почнаа со работа тогаш, и во националниот печат беа опишани како предводници на новата индустриско-земјоделска ера. Бројот на вакви фарми продолжи да расте и својот врв го достигнува во 1929 година. Заклучно со 1930 година завршува истражувањето на авторот, со што ја заокружува првата фаза од индустриското земјоделство. Понатаму продолжува втората фаза која ја карактеризира големата економска криза и „Новиот договор“ кој вклучува нови федерални програми, но за тоа во некоја друга можност.
Дебора Фицџералд
е професор по програми во науката, технологијата и во општеството при Институтот за технологија од Масачусетс. Добитник е на наградата „Салуто“ за најдобра книга на тема историја на американското земјоделство доделена од здружението за историја на земјоделството.
Книгата е конципирана во шест поглавја. Во првото се поставува сцената за индустрискиот идеал, а понатаму во поглавјата 2 и 3 се зборува за квантификација и за механизација. Поглавје 4 опишува како една фарма станува фабрика, а веднаш потоа во поглавје 5 е даден пример за една таква фарма – корпорацијата „Кембел“. За крај, во поглавје 6 се разработува меѓународната димензија на раното индустриско земјоделство бидејќи идеите и техниките развиени во Америка се користеа за основање колективни фарми во Советскиот Сојуз.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.