Опис
Еден човек оди на кино и гледа филм. Станува збор за Евангелие по Матеј од режисерот Пјер Паоло Пасолини.
Филмот се заснова токму на овој библиски текст, најзначајниот во светската книжевност. Филмот на Пасолини му ги отвора очите на главниот лик и му го менува целиот живот. Иако не може докрај да верува во тоа што го гледа, исполнет е со желбата прикажаното да е вистина.
Штадлер и неговите читатели го следат Пасолини и неговиот филм, чија моќ е, на оној што не е религиозен, да му ја разбуди свеста за смртта. Од евангелието Пасолини прави филм, а Арнолд Штадлер од филмот повторно прави текст што зборува за копнежите на другите.