Опис
Ревматологијата е специјалност што постојано се менува, во којашто количината на достапни информации дневно расте и се шири низ бројни книги, весници и веб-страници.
Ревматологија е доста важен извор кој ги спојува овие информации во еден практичен формат лесен за користење. Во него се комбинирани современи, релевантни информации што се базираат врз докази со најнови упатства заедно со искуството на постарите советници.
Книгата е дизајнирана така што секој предмет создава индивидуална тема со главна цел да обезбеди брз и лесен пристап до информации. Така, опфатените информации поедноставно се наоѓаат, читаат и учат, па книгата може да се консултира во
клиниките или во одделенијата во однос на информации за оптимално управување на определена болест.
Напишана од меѓународно признати советници по ревматологија, со стручни соработници за секој дел, оваа книга е важен извор за сите ревматолози и одлична референца за сите лекари.