Динамика на пазарот: нова финансиска економија Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 179 Категорија

Динамика на пазарот: нова финансиска економија

1692 ден

Нема на залиха

Нема на залиха ВО МОМЕНТОТ! Внеси email за известување за следна залиха.

Категории: Економија

Поврзани производи

No related in-stock products found

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга ја објаснува историјата на настаните што довеле до најголемата економска катастрофа во 21 век. Дадени се емпириски докази за нестабилноста на финансискиот пазар во услови на негова либерализација, како и за историјата на ширење на американскиот долар низ целиот свет. Прикажан е модел што ги дава границите поставени од Централната банка за стабилизирање на девизните средства во ерата на златниот стандард, илустративно покажувајќи го ефектот добиен од регулативите.
Џозеф Л. Меколи е професор по физика на Универзитетот „Хјустон“ и е член на советодавното тело при Форумот за еконофизика. Има придонес на повеќе научни полиња меѓу кои се статистичката физика, теоријата на суперфлуиди, нелинеарната динамика, космологијата, еконофизиката и финансиските теории.
Тој го отвора прозорецот во самореферентниот свет на економијата за да влезе свеж воздух од математичко-физички гледишта засновани на економската историја и на здравиот разум. Негова основна порака за иднината на економијата по глобалната економска криза е дека „не постои статистички доказ за ’невидливата рака’ на Адам Смит“, но дека раката навистина постои и мора да се разбере како непостојана и далеку од состојбата на еквилибриум.
Самата книга поттикнува на размислување и буди интерес кај финансиските теоретичари, кај трговците, економистите, физичарите и кај инженерите, истовремено водејќи го читателот до границите создадени од низата современи анализи.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.

Содржина

1. Еконофизика: Зошто и што 1

1.1 Зошто еконофизика? 1

1.2 Непроменливи принципи и закони на природата 4

1.3 Човечките закони секогаш може да се прекршат 5

1.4 Потекло на еконофизиката 7

1.5 Нова насока во еконофизиката 8

2. Неокласична економска теорија  10

2.1 Кој го проучува „оптималното однесување“?  10

2.2 Анализирање на неокласичната економската теорија (микроекономија) 12

2.3 Митот на рамнотежа преку совршена информација 18

2.4 Колку зелени палта сака потрошувачот? 24

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.