Регулирање на медиумите: компаративна студија Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 235 Категорија

Регулирање на медиумите: компаративна студија

1,300 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга е настаната како резултат на еден истражувачки проект финансиран од страна на Советот за економски и за општествени истражувања на Обединетото Кралство. Истражувањето е направено како дел од истражувачката програма на овој Совет во областите на медиумската економија и на медиумската култура. Дел од овој истражувачки тим се Дејвид Голдберг (виш предавач на Правниот факултет при Универзитетот во Глазгов), Тони Просер (професор на Правниот факултет при Универзитетот во Глазгов) и Стефан Г. Верхулст (поранешен виш соработник на Правниот факултет при Универзитетот во Глазгов и програмски директор на Програмата за компаративно медуимско право и политика од Колеџот „Волфсон“ при Универзитетот „Оксфорд“).
На почетокот од текстот се опфатени развојните моменти што се појавиле за време на медиумските промени во голем број различни земји. Понатаму, предложени се начини за тоа како може да се развиваат прописи што ќе се однесуваат на модерните медиуми, земајќи ги предвид сите претходно спомнати развојни моменти. Се разбира дека авторите (сите се правници) се залагаат за владеење на правото во новиот свет на медиумите, наспроти тенденциите за нивна целосна слобода. Тие се на став дека мора да има законски прописи и дека, едноставно, не може да му се стави крај на правото.
Во секој случај, потребна е интелигентна дебата за насоките во кои се движат медиумите како дел од општеството. Во книгата се дадени факти и анализи на прашањата што се јавуваат во многу различни земји, а за одговорите ќе може да донесат одлука самите читатели. Авторите со ова дело даваат важен придонес кон таа дебата за постојните, новите и за идните медиуми.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.