Регулирање на економијата на јавни услуги Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1142 Категорија

Регулирање на економијата на јавни услуги

1,182 ден

Време на достава: денес, 25.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 26.12.2024 до петок, 27.12.2024 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Автори на ова издание се Мајкл А. Кру, професор по економија на Факултетот за менаџмент при Универзитетот „Рутгерс“ и Пол Р. Клејндорфер, професор по економија и техники за одлучување при Универзитетот во Пелсилванија. Нивната мотивација за создавање на овој текст потекнува од големите настани што се случиле во САД кон крајот на 70-тите и во текот на 80-тите години од минатиот век. Со нуклеарната несреќа од 1979 година на островот Три Милји што ја потресе регулативата за електрична енергија, корпоративното отуѓување на локалните компании од „Американ телефон и телеграф“ во 1984 година и со укинувањето на Одборот за цивилно воздухопловство во 1985 година, авиокомпаниите беа целосно ослободени од контрола.
Во почетниот дел авторите се занимаваат со важни прашања од теоријата и од политиката за регулирање на јавните услуги. Применета е економска теорија за да се обезбеди аналитичка основа за оценка на политиките. Понатаму се објаснува основниот модел за максимално оптоварени цени, создаден од Ботекс и од Стајнер, а подоцна доразвиен од Хиршлифер и од Вилијамсон. Еден дел од книгата се однесува на нивното истражување во поглед на потеклото и на функционалноста на регулирањето во САД, особено во делот на монополите. И за крај се анализираат неколку конкретни области кои се регулирани од страна на државата: електричната енергија, телекомуникациите, природниот гас и водоснабдувањето.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.