Развивање на педагогијата за образование на наставници Педагогија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13105 Категорија

Развивање на педагогијата за образование на наставници

510 ден

Време на достава: утре, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од среда, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Педагогија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Во Платоновата Држава филозофот прашал: ’Кој ќе ги чува чуварите?‘ Во оваа значајна книга Џон Локран прашува: ’Кој ќе ги образува едукаторите на идните наставници и како да продолжи да се спроведува тоа?‘ Овој извонреден труд е возбудлив прилог кон стручната литература што настанува, мошне задоцнето, за педагогијата на образованието на наставниците. Уверен сум дека овој труд значајно ќе придонесе за продолжување на развивањето во ова критично поле на проучувањето и практиката.“

Професор Ли С. Шулман, претседател

Фондација на напредување на образованието „Карнеги“

Развивање на педагогијата за образование на наставници покажува како едукаторите на идните наставници треба вистински да разберат дека една педагогија за образование на наставници треба да подразбира нешто повеќе од пренесување информации за поучувањето. Книгата ја прикажува и истражува комплексната природа на поучувањето и учењето за поучување и покажува колку е важно професионалното знаење на едукаторите и како тоа знаење мора да влијае врз практиките во образованието на наставниците.

Книгата се состои од два главни дела. Дел I ја разгледува идејата за поучување за поучувањето и дава акцент врз важните аспекти на знаењето и вештините за практика што бараат едукаторите да бидат повеќе од само добри наставници. Локран покажува дека разликата помеѓу поучувањето на идните наставници и поучувањето на наставниците за реализација на поучувањето има клучно значење. Едукаторот на идните наставници, вели тој, мора да ја отвори педагошката стручност на идните наставници, што овозможува практиката да биде повеќе од техничко-разумна или од пристапот совети-трикови, односно да биде поучување за поучувањето каде што се прикажуваат соодветните ставови, знаењето и вештините на поучувањето.

Дел II се фокусира на учењето за поучување со акцент на тоа како идните наставници треба да ги проценат и да одговорат на двете спротивставени агенди при учењето за поучување. Идните наставници треба да се фокусираат не само на учењето што е предмет на поучување туку и на начинот на кој се реализира тоа учење. Овие две спротивставени агенди бараат едукаторите на идните наставници да одговорат соодветно при поучувањето за поучување за да можат да се посветат и на двете агенди истовремено.

Ова е предизвикувачка и возбудлива книга што отворено го прифаќа поучувањето за реализација на поучувањето и го поттикнува знаењето за практика при образованието на наставниците за да можат подобро да се вреднуваат знаењата, вештините и способноста на едукаторите на идните наставници при оформувањето на учењето за поучувањето што тие се обидуваат да го создадат за идните наставници.

Џон Локран е висок член на Факултетот за образование на Универзитетот „Монаш“, Австралија, како претседавач на Фондацијата за курикулум и професионална практика.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.