Опис
Развој, созревање и физичка активност за прв пат се појавува на македонски
јазик во нејзиното дополнето и целосно ажурирано второ англиско издание.
Со повеќе од 300 нови страници од првото издание, истото се смета за најсèопфатен
текст за биолошкиот развој и за созревањето на децата и адолесцентите.
Изданието ги содржи најдобрите карактеристики на оригиналот, вклучувајќи ги и корисните општи прегледи на почетокот од секое поглавје што им овозможува на студентите да ги разгледаат главните концепти и да проценат како го сфатиле материјалот.
Во согласност со новите истражувања, книгата ја надградува основната содржина
на првото издание, содржејќи проширени и изменети поглавја, како и низа нови
заклучоци од сферата – сè со цел да се излезе во пресрет на потребите на додипломците и постдипломците, како и на истражувачите и експертите што работат со деца и млади на возраст од 14 до 21 година