Раскази (избор) Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Раскази (избор)

250 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Своевремено, за Роберт Музил, делото на Кафка е необичен случај на валзеријанизам – потврда повеќе на тврдењето дека Валзер е заборавената врска меѓу Клајст и Кафка. Игриво смирени, Валзеровите раскази раскринкуваат егзистенцијални теми на начин што го прави швајцарскиот автор еден од најраните, најголеми и, за жал, најзапоставени модернисти. 
Специфичен и особен, Валзеровиот стил е во знакот на малото, на лирското, на миговното, на тековното. Во таа смисла и творечкото кредо на Валзер е импресионистичко: тој е автор на кратки лирски моменти, на краткотрајни фасцинации, на непостојан книжевен фокус. Дури и во своите најмали раскази постојано ги менува темите, вметнува раскази во раскази, поттеми во теми („Животот на еден поет“, „Работникот“). 
Творечки, Валзер е близок до Пруст, кој цел живот пишува едно дело, односно до Вирџинија Вулф или Џемс Џојс, чии ликови следат еден внатрешен живот кој не кореспондира со надворешното, „реално“ време на нарацијата. Низ целокупното творештво на Валзер се провлекуваат истите карактери, истите теми и преокупации, небаре авторот постојано и непрестајно го пишува истиот расказ.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.