Рашомон и други раскази Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Рашомон и други раскази

213 ден

⛱️ Колективен годишен одмор

Нарачките направени сега ќе бидат испорачани на 8ми ноември 2025 година

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Акутагава  се вбројува меѓу најобразованите јапонски писатели, кои во почетокот на XX век, паралелно со пишување уметничка проза, се занимавал и со пишување философски есеи, статии, но и со превод на уметничка литература. Напишал и еден краток роман, но денес е највпечатлив по своите раскази. Останал запаметен по психолошката анализа на ликовите, по неочекуваната парадоксалност во нивните судбини, по проникливата, иронична и лаконска мисла, но и по необичниот спој од имагинација и реалност по што бил препознатлив неговиот стил. Со својот творечки метод, Акутагава го најавил неореализмот во јапонската литература, вбројувајќи се меѓу најголемите промотори на интелектуализмот во Јапонија. Бил толку популарен и посакуван во сите зборници и списанија, што благодарејќи на бројните раскази и литературни преводи, можел спокојно финансиски да си го издржува семејството, до крајот на својот живот. Инспириран од европската (англиска, француска, германска, руска) литературна традиција – но, не само во поглед на наративната техника, туку и во поглед на западната философија со која ја преиспитувал источната традиција – Рјуносуке Акутагава бил авторот што внел најмногу новини во јапонската белетристичка мисла. Велат дека го пресоздал Токио, онака како што Бодлер го пресоздавал Париз, а Кафка – Прага.
Следејќи ги, по дух и по стил, најдобрите деветнаесетвековни европски писатели, Акутагава ја гради јапонската модерна мисла, пренесувајќи помалку познати сижеа и покажувајќи дека не постои оригинално творештво, дека, без оглед колку авторот е талентиран и изворен, во него се присутни одгласи и од други книжевности и култури. Потврда за ова сознание наоѓаме, не само во професионалната наобразба на Акутагава (дипломирал англистика на Универзитетот во Токио), туку и во широкиот дијапазон на теми и мотиви застапени во неговото творештво: од фантастични кратки раскази во стилот на По, преку пастиши на Емброуз Бирс, до сатирични алегории во духот на Свифт.
Palm Tree
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.