Опис
Оваа вежбанка е изработена во согласност со содржината на наставната програма по предметот Работа со компјутери и основи на програмирањето за четврто одделение. Во вежбанката се понудени активности и задачи за полесно совладување на темите: „Основи на користење компјутер и друга ИТ“, „Програма за мултимедијални презентации“, „Работа со текст“, „Поим за алгоритми и програми“, „Совладување алгоритамско размислување преку игра“, „Креирање едноставни програми во Скреч (Scratch)“ и „Онлајн-живеење“.
Целта на вежбанката е преку различни забавно-едукативни активности и игри учениците да ги осознаваат работата на компјутерите и другите ИТ-уреди, работата со програмите за текст и мултимедијална презентација, да ги прошируваат знаењата и да развиваат вештини во креирањето алгоритми и едноставни компјутерски програми.
Визуелно-графичкиот концепт на вежбанката е креиран во функција на содржините за да можат учениците да ги следат и да ги реализираат активностите во секоја вежба