Опис
„Прво лице еднина“ е лична хроника на една епоха, сведоштво за тектонските поместувања во најголемата држава во светската историја. Таа е книга за „безумниот, а сепак прекрасен живот“, за животот „исполнет до последен сантиметар“, за мајките и татковците, за пријателите и за ведрата среќа на пријателството и над сето друго, за љубовта. Токму чувството на љубов како црвена нишка поминува низ животот на авторката, константа во постојано променливиот, честопати хаотичен и ужасен свет, чувство што Семјон Лунгин во посветата на неговата книга „Виденото на јаве“ лаконски го искажува: „На Лилја, како и сè друго“.