Процесна динамика и контрола Стручна литература Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11481 Категорија

Процесна динамика и контрола

2,125 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Стручна литература

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Процесната контрола стануваше сè поважна во процесните индустрии како последица на глобалната конкуренција, економските услови кои бргу се менуваат, побрзиот развој на продуктите и построгите регулативи за безбедност и за заштита на околината. Процесната контрола и нејзините сродни полиња – процесното моделирање и оптимизацијата – се критични во развојот на пофлексибилни и покомплексни процеси за производство на продукти со зголемена вредност. Освен тоа, брзото опаѓање на вредноста на дигиталните направи и зголемената брзина на компјутерите (која се удвојува секои 18 месеци, според законот на Мур) овозможија високоперформансните мерења и контролните системи да станат суштински дел на индустриските постројки.
Јасно е дека делокругот и значењето на процесната контролна технологија ќе продолжи да се шири во текот на 21 век. Поради тоа, хемиските инженери треба да владеат со оваа материја за да бидат способни да дизајнираат и управуваат со модерни постројки. Концептите на динамиката, повратните врски – фидбек и стабилноста, исто така, се важни за разбирањето на повеќе комплексни системи од интерес за хемиските инженери, како што се биоинженерството и напредните материјали. Воведен курс би требало да обезбеди соодветна рамнотежа меѓу
теоријата и практиката во процесната контрола. Особе но, курсот треба да го нагласи динамичкото однесување, физичкото и емпириското моделирање, компјутерската симулација, мерењето и контролната технологија, основните концепти на контролата и напредните стратегии за контрола. Оваа книга ја организиравме така што наставникот може да го покрие основниот материјал, истовремено имајќи ја флексибилноста да вклучи посовремени теми. Прирачникот ја обезбедува основата за предавања од 10 до 30 недели за еден курс или делови од курсеви на ниво на вишо образование или додипломски студии.
Исто така е погоден за самостојно едуцирање на инже нери во индустријата. Книгата е поделена на релативно куси поглавја за да биде лесно читлива и модуларна. Вак вата организација овозможува повеќе поглавја да бидат заобиколени, без да се загуби континуитетот.
Математичкото ниво на книгата е ориентирано кон студент кој е почетник или кој е кон крај со студиите по хемиско инженерство, кој посетувал најмалку еден курс
по диференцијални равенки. По потреба се воведуваат и дополнителни математички алатки потребни за анализа на контролните системи. Ги нагласуваме техниките на процесна контрола кои се користат во практиката и кои обезбедуваат детална математичка анализа само кога е неопходно за разбирање на материјалот. Клучните те оретски концепти се прикажани низ бројни примери и симулации.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.