Пропаѓањето на социјалната држава: демографија и глобализација Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 177 Категорија

Пропаѓањето на социјалната држава: демографија и глобализација

842 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Асаф Разин е професор по јавна економија на Универзитетот во Тел Авив и професор по меѓународна економија на Универзитетот „Корнел“. Воедно е соработник за истражување во Националното биро за економски истражувања и повремен истражувач во Центарот за истражување на економската политика.
Ефраим Садка
е професор по меѓународни капитални пазари на Универзитетот во Тел Авив и повремен истражувач во
CESifo, заедно со професорот Асаф Разин.
Низ содржината на ова нивно дело може да се забележи комбинирање на аналитичката прецизност со политичката релевантност при што покажуваат дека стареењето на населението и емиграцијата на нискоквалификуваните работници може да ја поткопа политичката поддршка што ја има социјалната држава. Нивната анализа, поткрепена со еднообразна теоретска рамка и со емпириски откритија, покажува како силите што произлегуваат од демографските промени и глобализацијата ќе влијаат врз оневозможувањето на социјалната држава да се одржи онаква каква што ја познаваме моментално.
Во поголемиот дел од развиениот свет се очекува бројот на пензионери во наредните 40 години двојно да се зголеми во споредба со бројките од 2000 година. Тоа неминовно води кон зголемување на даночните оптоварувања и кон поголеми државни задолжувања со цел да се одржат пензиските системи на сегашното ниво. За намалување на овие задолжувања не можат да се употребат повисоки даноци на капиталот поради меѓународната даночна конкурентност што е наметната од самата глобализација.
На крајот авторите извлекуваат еден провокативен заклучок. Тие тврдат дека политичкиот притисок од населението што старее и од емигрантите индиректно ги предизвикува политичките процеси што водат кон поткастрување на социјалната држава наместо кон нејзино проширување. Рамнотежата на политичката моќ ќе се смени и поголем дел од гласачкото тело ќе ја поддржи идејата за намалување на придобивките од традиционалната социјална држава.
Сите читатели што се засегнати на кој било начин од социјалната држава треба да ја имаат оваа книга како основа за едно подлабоко истражување и анализирање на актуелните состојби. Впрочем, кога подобро ќе се размисли, зарем има некој што не е засегнат од социјалната држава?
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.