Природни науки 5, вежбанка Природни науки Kiwi.mk
Share:
Deal
Категорија

Природни науки 5, вежбанка

187 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Природни науки

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

За помош во учењето и подготовка за тестирања и натпревари

Македонското адаптирано издание на серијалот Природни науки 4-6 одделение е создадено во целосна согласност со адаптираната наставна програма за Природни науки донесена од Министерството за образование на Република Македонија, а неговите содржини се развиени и произлегуваат согласно општите и конкретните цели на оваа наставна програма. Дополнително, материјалот е надграден и со содржини што на учениците ќе им помогнат соодветно да се подготват за сите тестирања и учество на натпревари по предметот Природни науки. Во целосната подготовка на овој серијал (превод, адаптација и проширување на потребниот материјал) беше вклучен поголем стручен тим составен од универзитетски професори, наставници и практичари.

Вежбанката со наставни листови по природни науки во издание на „Кембриџ јуниверзити прес“ (Cambridge University Press), заедно со Прирачникот по Природни науки претставуваат современо дидактичко помагало што им ја нудат сета потребна поддршка и на учениците и на наставниците. Вежбанката се користи на лесен и флексибилен начин, редоследно следејќи ги целите на наставната програма и поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во содржините за да ги развијат истражувачките вештини паралелно со тематското знаење.

Во Вежбанката е дадена по една вежба што ја придружува секоја наставна единица што е обработена во Прирачникот по Природни науки, како и вежба за преглед на зборовите на крајот од секоја тема, за вежбање на основните научни термини. Вежбите се така изработени што за нивно изведување се доволни само молив и хартија, а учениците можат да ги изработуваат како надополнување на материјалот или, пак, за подготовка за некое тестирање или натпревар.

Низ Вежбанката по Природни науки дадени се различни стилови на вежби за да се одржи интересот на учениците и да се задоволат различните цели на учење. Прашањата и задачите во Вежбанката се од најразличен тип и имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот. Главните цели на вежбите од оваа Вежбанка се:

• да се утврди изучуваната содржина предвидена со наставната програма;

• да се охрабрат учениците да го применат стекнатото знаење во нови ситуации и на тој начин

да ги утврдат поимите и концептите;

• да ги вежбаат научните изрази и термини;

• да развијат научно-истражувачки вештини, како што се презентирање и толкување на резултатите од истражувањата.

 

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.