Прирачник за спортска и применета медицина Медицина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1133 Категорија

Прирачник за спортска и применета медицина

1,615 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Медицина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова многу значајно издание е скромно опишано како прирачник, но, всушност, зад тој наслов се крие една одлична и разбирлива енциклопедија за спортската и применета медицина. Бидејќи спортската медицина е дисциплина што е моментално во подем, научната и истражувачка основа се во постојана експанзија при што се менуваат видовите третман, превентивните стратегии и препишувањето оптимални вежби. Лекарите бараат докази, а пациентите се свесни за потребата од научен пристап. Во овој текст се собрани и наведени најчесто среќаваните проблеми и дијагнози во спортската и применета медицина, базирани на најновите докажани стратегии, планови за третман и протоколи. Авторот го има организирано текстот систематски, со фокус врз потребите од пациентите, разгледувајќи ги дијагнозата и третманот, како и придобивките од вежбањето, од сите можни аспекти.
Домнал Мекојли
е професор на Факултетот за живот и здравје при Универзитетот „Улстер“ во Белфаст, Северна Ирска. Со уредување на овој наслов Мекојли додава уште повеќе тежина на веќе официјалното признавање на спортската медицина која е составена од голем број различни и навидум неповрзани супспецијалности: респираторна и кардиолошка физиологија, физиотерапија и ортопедија. Секогаш треба да се има предвид дека итното и ефективно лекување на спортските повреди носи придобивки за целиот здравствен систем, бидејќи се поттикнува таквата практика за третирање на сличните трауматски повреди во цивилниот живот. Денес од спортистите се бара многу повеќе, тренинзите се понапорни и тие се изложени на поголеми ризици од повреди. Поради тој факт, неопходно е и постоење на сервис кој ќе може да се справи со тие повреди, навремено и брзо да ги санира и да му овозможи на спортистот што поскоро враќање во натпреварувачка форма.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.