Приоди и методи во наставата по јазик Педагогија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13265 Категорија

Приоди и методи во наставата по јазик

600 ден

Време на достава: утре, 24.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од среда, 25.12.2024 до четврток, 26.12.2024 до 17ч

Категории: Педагогија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова трето издание на Приоди и методи во наставата по јазик е опширна ревизија на популарниот и лесно разбирлив текст. 
Како и во претходните изданија, оваа книга ги истражува најголемите приоди и методи во подучувањето на јазик, како што се методот на учење јазик преку граматика и превод, аудиолингвизмот, подучувањето јазик преку комуникација и
„природниот метод“. Тоа ги истражува секој од приодите и методите од аспект на нивната теорија на јазикот и подучувањето јазик, целите, силабусот, наставните активности, улогите на наставникот и ученикот, материјалите и техниките во училницата.
Освен тоа, ова трето издание вклучува содржини за подучувањето и средината за учење, со поглавја за учениците и методите, наставниците и методите, дополнителните приоди, методите и курикулумот. Исто така, вклучува и поглавја за:
• Интегрираното учење содржини и јазик (ИУСЈ)
• Подучувањето јазик преку задачи
• Подучувањето јазик преку текст
Наставниците и оние што се обучуваат за наставници ќе откријат дека ова трето издание е сеопфатно истражување и анализа на наставните методи употребувани ширум светот. Оваа книга не настојува само да ги разјасни претпоставките што стојат зад овие методи и нивните сличности и разлики туку, исто така, да им помогне на наставниците да ги истражат нивните сопствени ставови и практики при подучувањето јазик.
Џек К. Ричардс е вонреден професор на Факултетот за образование и
социјална работа при Универзитетот во Сиднеј, Австралија.
Теодор С. Роџерс е професор по психолингвистика на Универзитетот на
Хаваи.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.