Применета биологија на мускули и на месо Ветерина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 9427 Категорија

Применета биологија на мускули и на месо

1,500 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ветерина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во обидот за решавање на специфичните проблеми, научниците се соочуваат со голем број тешкотии, особено при истражувањето на месото и на животните од кои тоа се добива. Ако недоволно се познаваат основните биолошки механизми што се одговорни за мускулниот раст, метаболизмот и за формирањето на месото, може да дојде до производство на неквалитетно месо.
Во оваа книга се содржани општите познавања за скелетната мускулатура и за месото, и како таква претставува платформа за понатамошни истражувања на специфичните проблеми од областа. Во главни црти се опишани напредоците во биологијата на мускулите од последниве години со акцент на механизмите што ги контролираат растот и развојот на скелетната мускулатура. Со помош на тим од меѓународни експерти во текстот е опишано влијанието на овие механизми врз квалитетот на произведеното месо за широка потрошувачка.
Уредници на ова издане се д-р Мин Ду и д-р Ричард Ј.Мекормик. Д-р Ду е професор по наука за месото и по клеточно сигнализирање. Моментално работи на истражувања за молекуларните механизми што ги контролираат растот и развојот на скелетните мускули, со посебен акцент на феталниот мускулен развој. Д-р Мекормик е предавач од областа на биологијата и науката за храна и технологија. Има предавано на повеќе универзитети низ Европа, Јужна Америка и Азија. Во последните 20 години, неговите истражувања се насочени кон биологијата на сврзното ткиво во скелетните мускули и во срцевиот мускул.
Книгата содржи детална анализа на структурата на мускулите со посебен осврт кон мускулните протеини, микроструктурата, мембранскиот состав и кон контракцијата. Овозможува полесно разбирање на процесите за раст и за развој на скелетната мускулатура со нејзините составни компоненти: маснотии и сврзно ткиво. Разгледани се клучните аспекти за промените што настануваат постмортално, а се одговорни за квалитетот на месото кај цицачите и кај рибите. Еден дел е посветен на етиката и на благосостојбата на животните што се користат како храна. Одлично четиво што нуди познавања кои може да одговорат на денешните предизвици во индустријата за месо.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.