Опис
Џеф Забин е маркетинг-директор на групата „Глобални маркетиншки решенија“ од корпорацијата „Фер Ајсак“, водечка куќа за аналитика на потрошувачот и за технологии за донесување одлука. Греш Бребах е директор на групацијата „Бребах“, консултантска компанија специјализирана во областа на маркетиншки услуги и управување со перформансите на претпријатието.
За оваа нивна книга Филип Котлер вели: „’Прецизен маркетинг’ е прва книга што внесува голема јаснотија и увид во темата и ја врамува во погоден контекст (а тоа е технологијата и аналитика на податоците). Всушност, секој маркетинг мора да интегрира една силна компнента на прецизен маркетинг и во тој процес да се води повеќе сметка за влијанието врз вредноста на акциите. Ако прецизниот маркетинг го направите правилно, продуктивноста и профитабилноста на една компанија може да ги зголемите со ред на големина. Би ја препорачал оваа книга за секој што е во менаџментот, како прво место на кое што треба да се запре на патот кон новите трендови од, како што јас би го нарекол, ’новиот маркетинг’. Ќе научите како ефикасно да го користите прецизниот маркетинг и како тој се користи во компаниите како што се „Крафт фудс“, „Унилевер“, „Теско“, „Кралска банка“ од Канада и СБЦ-комуникации. Без сомнение, увидот во овие примери ќе ви помогне да ја оформите иднината на вашата сопствена маркетиншка програма. Според мене, добра книга е ако сум научил нешто ново и корисно, што во овој случај ги вклучува термите како што се промискуитетна потрошувачка, скицирање на идеален клиент, директор на маркетинг-економија и согласен клиент.“