Преработка на месо: подобрување на квалитетот Биотехнологија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1074 Категорија

Преработка на месо: подобрување на квалитетот

2,200 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Биотехнологија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Месото само по себе е главен продукт во исхраната и се содржи како додаток во многу други прехранбени производи. Имајќи го тоа предвид, уредниците и нивните соработници во оваа книга ги презентираат најновите истражувања за дефинирање и за утврдување на квалитетот на месото и начините за негово одржување и подобрување во текот на обработката.
Книгата е конципирана во три дела: анализа на квалитетот на месото, мерење на квалитетот и нови техники за подобрување на квалитетот. Во првите два дела станува збор за квалитетот и за факторите што влијаат врз него, неговото одредување според соодветни индикатори и методите за негово следење и анализа. Во третиот дел е разгледан широк спектар техники за обработка на месото, распределени во различни фази од производствениот и дистрибутивен синџир. Дел од техниките опишуваат автоматски процеси за обработка, преработка на месото под висок притисок, унапредување на околината при пакувањето, ладење и смрзнување. Покрај техниките за преработено месо, разгледани се одредени пристапи и кон ферментираните производи од месо.
Со својата детална и комплетна покриеност на темата, оваа книга може да се смета за еден вид стандард што се однесува на сите професионалци вклучени во месната индустрија и во истражувачките центри.
Уредниците на ова издание, Џозеф Кери и Џон Кери, се професори на Универзитетот „Корк“, а професорот Дејвид Ледвард е раководител на Одделот за молекуларна наука на храна при Факултетот за биологија на храна, Униварзитет „Ридинг“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.