Предности во термалната и нетермалната заштита на храната Биотехнологија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 210 Категорија

Предности во термалната и нетермалната заштита на храната

1,600 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Биотехнологија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга им е посветена на сите професори, инженери, истражувачи и претприемници што се занимаваат со храна, како и на сите студенти што сакаат да ги доведат своите знаења на повисоко ниво.
Уредници на ова прекрасно издание се:
д-р Горав Тевари
, извршен директор и претседател на
Tewari De-Ox Systems од Сан Антонио, Тексас. Тој е успешен научник и индустријалец инволвиран во комерцијализацијата на неговите системи за пакување храна во глобалната месна индустрија. Има работено во повеќе истражувачки центри и неколку универзитети како експерт за пакување месо.
Д-р Виџеј К. Џунеџа
е раководител на микробиолозите и главен научник во Источниот регионален центар за истражување од Виндмур, Пенсилванија, кој работи како дел од Службата за истражување во земјоделството при Министерството за земјоделство на САД.
Во текстот се понудени точни, дефинитивни и фактични материјали напишани од експерти за различни топлински и нетоплински технологии за заштита на храната. Акцентирајќи ја деактивацијата на микроорганизмите преку користењето на традиционалните и понови техники, како и нивната деактивацијата со комбинирање на традиционалните и новите техники, во поглавјата на оваа книга се покриени следниве теми:

          топлински техники за заштита на храната

          минимално топлинско процесирање

          нетоплински техники за заштита на храната

Многу од опишаните техники се, всушност, техники што практично се користат во фабриките за процесирање на храна низ целиот свет. Посебен акцент е ставен на комерцијалните аспекти од техниките за неконвенционална заштита на храната. И покрај тоа што имаме неколку книги што покриваат различни аспекти од микробиологијата на храна, досега ниту една книга не го разработила процесот на микробиолошко деактивирање потенцирајќи ги трендовите и комерцијализацијата кај новите техники за заштита и процесирање на храната.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.