Право на административни договори Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10045 Категорија

Право на административни договори

1,615 ден

Време на достава: утре, 25.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од четврток, 26.12.2024 до петок, 27.12.2024 до 17ч

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Авторот Кристоф Гуетје, професор на правниот факултет при Универзитетот „Мајн“, ја посветил оваа книга на административните договори како дел од јавното право. Како дел од јавното право тие се сосема различни од договорите во приватното право. Овие нивни различности се објаснети во француски рамки, потенцирајќи го притоа главното прашање што треба да се одговори: одредување на природата на постапката како би можело да се утврди кој суд е надлежен и следствено на тоа кое право да се применува.
Административните договори спаѓаат во надлежност на административните судови, а договорите од областа на приватно право спаѓаат во надлежност на општите судови. Но, се случува некои физички лица да бидат носители на административните договори, а самата администрација може да склучува договори што не се од ваква природа. Административните договори имаат одлучувачко значење во однос на јавната власт, особено како средство со кое може да се интервенира во економијата. Ова нивно значење може да се потврди и со големиот број договори склучени на днавна база. Овој вид договори се еден од столбовите на ЕУ. Тука, пред с
è, се мисли на договорите за јавни набавки, потоа на јавно-приватните партнерства и на концесионерството како еден вид такво партнерство, јавните услуги и партнерствата меѓу два административни ентитета.
Книгата е конципирана во три дела за полесно разбирање на целокупната материја. Во првиот се објаснува поимот административен договор, потоа во вториот се разгледува системот од административни договори и на крај во третиот дел се анализира решавањето на споровите што може, евентуално, да настанат.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.