Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1 Македонски јазик Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13135 Категорија

Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1

350 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Македонски јазик

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот
факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот
Македонски јазик со култура на изразувањето 1 на групите Одделенска
настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на
турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот
Македонски јазик на групата Библиотекарство. 
Секако, може да им послужи како корисно јазично помагало на наставниците и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на правописот и на правоговорот.
Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика
спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата
да им се приближат на студентите основните знаења од теориски и од
практичен аспект од областа на правописот и на правоговорот. Оттука,
неговата основна цел е да придонесе кон полесно и поуспешно совладување
на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова
практична примена, не само во нивната работа како идни учители и
воспитувачи туку и во секојдневната јазична комуникација.
Во оформувањето на овој практикум несебична поддршка и помош ни
дадоа и нашите рецензенти со нивните забелешки и сугестии, за што им
изразуваме голема благодарност.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.