Познавање на почвите наменети за подигање лозови насади Земјоделство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 208 Категорија

Познавање на почвите наменети за подигање лозови насади

1,450 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Земјоделство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова е исклучително добро структурирана и соодветно илустрирана книга со сензибилна употреба и распоред на фотографиите. Топло ја препорачуваме за сите дипломци и последипломци што ја изучуваат науката за почвите (педологијата), како и за сите професионални советници за лозарство и производители на вино.
Авторот Роберт Е. Вајт е професор по педологија при Универзитетот во Мелбурн, Австралија. Тој има големо искуство во изучувањето на почвите и на водите низ целиот свет. Во последно време, своето внимание го насочува кон поврзаноста меѓу видот на почвата и аромата на виното.
Познавањето на основните својства на почвата и нивната улога на „жива кожа“ на земјината површина имаат фундаментално значење за лозарите и за производителите на вино. Ослободена од научниот жаргон, оваа книга е наменета за широка публика, објаснувајќи како се формира почвата и како таа најдобро да се третира за добивање врвни лозови насади.
Опишани се основните хемиски и физички процеси што се одвиваат со посредство на почвените микроорганизми. Предложен е начин за отстранување на негативните појави како што се ацидификацијата на почвата, нејзината компактност, намалената водопропустливост и алкализација. Разгледани се аргументите за и против органското лозарство, земајќи ги предвид можните влијанија на климатските промени. Понатаму, објаснето е како одржливото производство на вино бара од лозарите и од производителите на вино посебна грижа за почвата и минимизирање на влијанието од нивните активности врз животната средина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.