Поезија (избор) Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Поезија (избор)

213 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во својот знаменит предговор кон критичките есеи на Езра Паунд, неговиот современик Т. С. Елиот пишува дека „Паунд е поодговорен за револуцијата во поезијата од дваесеттиот век од кој било друг поединец“, давајќи ù на тој начин суштествено значење на неговата појава во развојот на модерната поетика и нејзиниот радикален прекин со поетските традиции на романтизмот и викторијанската епоха од деветнаесеттиот век. Четири децении подоцна, американскиот постмодерен поет и критичар Доналд Хол говори на речиси идентичен начин за улогата на Езра Паунд во развојот на модерната поезија и вели дека тој „е поет кој, илјадапати повеќе од кој и да е друг човек, ја овозможи модерната поезија на англиски јазик“. Тоа говори за фактот дека не само модернистите, туку и поетите на следниот антимодернистички бран во поезијата пишувана на англиски јазик со голем респект и пиетет говорат за местото и улогата на Езра Паунд како поет и критичар во развојот на поетскиот израз во текот на дваесеттиот век. Неговата поезија е секогаш интересна и провокативна со својата експерименталност и затоа има извршено големо влијание кај авторите од дваесеттиот век, но самата по себе, дури ни со најдобрите примери, никогаш не ги достигнала дострелите, квалитетите и популарноста на поезијата на неговите современици, како што се Т. С. Елиот, Вилијам Карлос Вилијамс, Роберт Фрост или Валас Стивенс. Токму од тие причини, Езра Паунд се смета за една од најконтроверзните поетски фигури на модернизмот, за бескомпромисен поет и критичар со огромна амбиција да го смени текот на поетската традиција негувана низ долгиот развој на западната цивилизација, но и за човек кој, за да ги оствари тие високо поставени цели, морал да мине низ макотрпниот пат на егзилот, затворот, лудницата и, што е најстрашно за еден автор – неразбирањето.
Од првите експерименти со имажизмот и создавањето на имперсоналната поезија, преку препознавањето на талентот на Елиот, Џојс, Фрост и Хемингвеј и непрепознавањето на намерите на Мусолини, Хитлер и Освалд Мосли, па сè до престојот во санаториум, нервниот слом, и негирањето на самиот себеси на крајот од својот живот, Паунд никогаш не е здодевен и обичен. Овој избор од творештвото на Езра Паунд само ја потврдува често цитираната оценка на американскиот поет М. Л. Розентал: „како сета прекрасна виталност и сета прекрасна гнилост на нашето раскошно разновидно наследство едновремено да се манифестирала“ во личноста на Езра Паунд.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.