Поезија Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Поезија

250 ден

Време на достава: понеделник, 30.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 31.12.2024 до четврток, 02.01.2025 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

И покрај огромните стилски разлики, постои некаква судбинска поврзаност меѓу животите на Сергеј Александрович Есенин и Владимир Владимирович Мајаковски. Речиси врсници (вториот е постар само две години од првиот), и двајцата го пречекоруваат прагот на новото време со огнен поглед чијшто пламен згаснува заедно со изневерените идеали уште во нивната четврта деценија – Есенин си ги пресекува вените во хотелот „Англетер“ во Ленинград, а Мајаковски се застрелува со револвер во својот дом во Москва!
Поетскиот свет на Сергеј Есенин е еден од оние интимни светови што се чини дека егзистираат во сосема погрешно време и на погрешно место. Наоѓајќи се среде метежот на Револуцијата, тој е загледан во изменетата панорама создадена од еруптивните промени во општествениот систем, со силна желба да го поздрави новото време, но и со изразена немоќ да прежали некои вредности од стариот свет што му се мошне драги и кои неизбежно се осудени на исчезнување. Владимир Мајаковски, пак, е еден од творците на рускиот футуризам и на ангажираната поезија, и е сосема нов тип поет кој кон уметноста зазема став „како кон востание… Виор, преврат, гром, пламен – сето е ново, чудесно, тревожно, револуционерно. Строфата е – револуција, римата е – револуција, ликовите се – револуција“. Во таа смисла, тој не е само поет на Октомвриската револуција туку е и нејзин историчар, летописец, изразител на идеологијата на работничката класа – и тоа толку трагично што, како и во случајот со Есенин, и соочувањето на Мајаковски со новото време ќе заврши со пораз на поетот.
Во овој том од едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“ заедно се претставени две самостојни книги со препеви на поезијата од Сергеј Есенин и поезијата од Владимир Мајаковски. Делот со препевите на поезијата од Сергеј Есенин (2.500 стихови) содржи 77 песни и една поема, тематски поделени во 7 групи, а изборот од поезијата на Владимир Мајаковски (1.690 стихови) содржи 14 поеми, една песна и неговите автобиографски белешки. Двете книги заедно содржат 78 песни и 15 поеми (4.190 стихови), од кои најголем дел првпат се појавуваат пред македонските читатели.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.